Вчера е приведен бизнисменот Сеад Кочан и однесен во затворот во „Идризово“.
Полициските „алфи“ го спровеле во затвор откако претходно судот го одбил и третото барање за одложување на затворската казна.
„Веднаш е постапено по наредба на судот и пренеесен е во затворот во Идризово“, информираат од МВР.
Бизнисменот Сеад Кочан беше осуден за тендерот за ископ на јаловина во РЕК Битола. Според обвинението формирал лажен конзорциум и неговата фирма „Трансмет“ и „Силекс Неметали СТ“ го добиле милионскиот тендерот.
Кочан првостепено беше осуден на шест години затвор, но Апелација му ја намали на 4 години и 8 месеци.