Издавале лекови без рецепт на зависници од дрога: Затворени две аптеки во Велес


Две аптеки во Велес се затворени поради незаконско работење околу набавка и издавање лекови без рецепти на лица уживатели на дрога.

Како што соопшти МВР, СВР Велес вчера во координација со Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство извршило претрес во две аптеки и дом, сопственост на В.Ј.. При тоа во аптеките е откриено незаконско работење околу набавка на лекови и издавање лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини.

Од страна на Агенцијата се изготвени записници за затворање на аптеките. При претресот се одземени предмети-докази во врска со овој случај. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1