Милионерот Џефри Епстајн е пронајден мртов во неговата ќелија, јавува RT. Извори на полиција јавуваат дека се работи за самоубиство. Епстајн чекаше судење за трговија со деца и педофилија.
Инцидентот доаѓа по само две недели откако 66 годишниот Епстајн беше пронајден „повреден и во положба на фетус“ на подот на неговата ќелија, со повреди на неговиот врат. Епстајн поради тоа бил набљудуван за да не дојде до самоубиство.
https://www.bbc.com/news/world-us-canada-49306032
Извори на полицијата пренеле на неколку медиуми дека Епстајн извршил самоубиство денеска, откако неговото тело било пренесено во болница во Њујорк околу 7.30 сабајле.