Пендаровски: Разочаран сум од Катица Јанева


Претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашања на денешната прес-конференција, рече дека е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Без да се сфати како политички притисок врз истражните органи што тоа треба да го работат, како човек, со оглед на тоа што досега е јавно е познато – да разочаран сум, истакна Пендаровски.

Прашан дали се познава и дали се сретнал со Бојан Јовановски, кој е осомничен во „Рекет“, шефот на државата одговори дека со него имал две куси средби. Првата била во 2015 година во капмпот на слбодата кај шаторите пред Владата, а втората кога бил на интервју во 1ТВ кај новинарот Ацо Кабранов, кој го запознал со Јовановски и таа средба траела 5-10 минути.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1