Нема екстрадиција за Томор Морина – врховниот суд одлучи дека нема основа да и биде испорачан на Србија


Нема екстрадиција за Томор Морина. Врховниот суд денеска ја потврди претходната одлука на Кривичниот совет, дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на поранешниот војник на УЧК во Србија.

Во образложението од Врховен се вели дека Морина е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не државјанин на Србија. Кривичното дело за кое се бара екстрадиција, е сторено на територијатата на Косово, чија независност Македонија ја признава девет години подоцна.

“Кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Косово ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации од 10-ти јуни 1999 година, независно од 2008 година, кога независноста на Косово е признаена и од Република Северна Македонија”, наведуваат од Врховен.

По пресудата, Морина од слобода го дели само судската процедура. Тој сега ќе ја чека конечната одлука од Министерството за правда, по чие решение треба да излезе од притвор.

Ова за Сител го потврдија и од адвокатскиот тим на Морина. Очекуваат многу брзо тој да излезе од Шутка и дека по одлуката од Врховен, нема никаква основа Морина да биде држен зад решетки.

Србија бараше Морина да биде екстардиран врз основа на распишана потерница од Интерпол, поради сомневање дека сторил кривично дело „Воени злосторства против цивилно население“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1