Српската министерка за правда за екстрадицијата на Морина: Политиката над правото и правдата


Српската министерка за правда , Нела Кубуровиќ со писмена реакција се огласи на одлуката на Врховниот суд дека не с еисполнети условите за екстрадиција на Томор Морина во Србија.

За жал, со оваа одлука на Северна Македонија, политиката уште еднаш беше ставена над правото и правдата. Ова е голем срам за меѓународното право, но тоа е уште поголем удар и голема тага за семејствата на жртвите, кои со децении чекаат правда за своите најблиски. Иако сите потребни придружни докази беа доставени до властите на Северна Македонија, одлуката беше донесена спротивно на вистината и фактите.

Србија нема да се откаже од потрагата по сторителите на најтешките дела против човештвото, без оглед на нивното национално или етничко потекло. Тоа им го должиме на жртвите и на нивните семејства.” , се наведува во соопштението на министерката Кубуровиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1