Јанева ќе одлучи дали ќе ја изземе Фетаи од „Титаник 3“


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“.Ова го кажа судијката Марија Клетничка, откако адвокатот Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева заради кавгите.

Судијката појасни дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за нејзиното барање за изземање констатираше дека нема надлежен орган. Таа ќе прати снимка на Јанева, по што специјалната обвинителка ќе донесе одлука, пренесе Фокус.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот. Обвинетите се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1