Голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева.
Како што дознава Телма, во тек е приведување на специјалната обвинителка, која вчера даваше исказ пред Обвинителството за организиран криминал и борба против корупцијата.
За 14 часот во Јавното обвинителство е закажана прес-конференција на јавните обвинители Љубомир Јовевски и Вилма Рускоска во врска со предметот „Рекет“.
ТВ 21 го следеше полицискиот конвој со кој Јанева беше одведена на судски распит: