На Катица вчера ѝ олесни, по исказот во Обвинителство релаксирано на вечера (ФОТО)


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по вчерашниот неколкучасовен исказ во Обвинителството, беше забележана на прошетка на кејот на Вардар. По прошетката, во доцните часови, седна на вечера во еден од рестораните на скопскиот кеј.

Таа вчера беше на распит во Обвинителството за случајот „Рекет“ и не сакаше да открие детали.

По се изгледа дека обвинителката Јанева со нетрпение го очекувала настапот за случајот “Рекет“ пред нејзината колешка Вилма Рускоска. Зашто, по избивањето на скандалот таа прво како да пропадна во земја и требаше да помине извесен период за во јавноста да се појават нејзини фотографии. Комуникацијата пак се одвиваше преку нејзини соопштенија и од новинарите бегаше како ѓавол од темјан. Се чини дека дури по вчерашниот настап во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, конечно се ослободи и се осмели да одговара на новинарските прашања, во што ја прекина нејзиниот ангажиран адвокат .

Повеќе фото на – Прессингтв.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1