Мицотакис до Заев: Немаше да го потпишам Договорот од Преспа


Шефот на грчката Влада Кирјакос Мицотакис на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев во Њујорк, рекол дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, но додал дека по ратификацијата, договорот веќе е дел од меѓународното право и Грција мора да го почитува, брифираат владини извори во Атина за грчките медиуми.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис воедно ја повторил неговата позиција дека како лидер на опозицијата направил сѐ за да не се потпише договорот, а за време на средбата во Њујорк го повикал неговиот колега „да не постојат доцнења што се поврзани со аспектите на договорот, особено во прашањето со трговските ознаки“.

Според истите информации, премиерот Заев ја изразил волјата на неговата Влада да нема доцнења, стремејќи се кон брзо спроведување на сите отворени прашања што се поврзуваат со интегративниот процес на земјата во ЕУ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1