Со 476 гласа за и 122 против , како и 16 воздржани пратеници , Бундестагот го одобри почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ . Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.
На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи , кој беше поздравен од пратениците.
Десетината говорници се согласија дека Северна Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.
Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ , Петер Бејер , малдите луѓе од Северна Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ .
Пратеникот Кристијан Петри од коалициската СПД рече дека овие земји бараат помош , дека се подготвениз а реформи и дека треба да им се овозможи да го почнат процесот, што беше поздравено со бурен аплауз.