Воздухот е многу загаден, а какодоаѓа зимата само ќе се влошува. Белодробниот и циркулаторниот систем се на тест секоја сезона. Сите сме со ослабени организми. Не живеат тука нови луѓе кои до вчера биле на чист воздух, туку граѓани, на кои кризата им се повторува секоја зима.
Kако убива воздухот?
Оптовареноста на кардиоваскуларниот систем во вакви услови е зголемена повеќе пати и доаѓа до откажување на срцето. При белодробни опструктивни болести, бронхитиси, доаѓа до максимално затнување на дишните патишта, белите дробови функционираат со намален капацитет, срцето ослабува и доаѓа до кардио-пулмонална смрт.
Вреди ли да носиме маски преку лицето?
За кратки дестинации може да се носат маски, но зависи колкава е нивната филтрација. Опасни се честичките што се помали од 10 микрометри, па најдобро е да не се излегува. Оние што работат на отворено треба да се под посебна опсервација, затоа што работејќи, тие дишат позабрзано и така внесуваат повеќе загадувачки материи во себе.
Светската банка излезе со процена дека 1.350 луѓе умираат поради аерозагадување, а економијата губи 253 милиони евра.
Во Македонија расте смртноста кај населението од болести предизвикани од аеро загадувањето. На годишно ниво умираат од 1000 до 1200 луѓе од мозочен удар и инфаркт на срце, болести кои можат да се спречат велат од Институтот за јавно здравје.
Лекарите велат, кревкиот имунитет на децата, реагира на лошиот квалитет на воздухот. Дополнителни проблеми кај децата предизвикуваат штетните гасови од возилата и честичките кои се емитираат во воздухот од градежните активности
Голем е товарот на оние болести кои се поврзани со аерозагадувањето: исхемичната болест на срцето, мозочниот удар и ракот на белите дробови. Три болести кои можат да се поврзат со аерозагадување се водечки причини на смрт на подрачјето на Македонија
Триесет до 35 отсто од болестите се причинети од аерозагадувањето. Во сите овие години во просек околу над 1.300 животи годишно се губат поради аерозагадувањето. Скопје е меѓу најзагадените градови посебно ако се земат предвид концентрациите на ПМ 2,5 честичките.
Ако во најблиските градови Букурешт и Будимпешта годишно просечно има 30-40 микрограми ПМ 2,5 честички на метар кубен, посочи, во Скопје има дури 70 микрограми ПМ 2,5 честички на метар кубен и таму каде има мерење конкретно во станицата во Карпош – 56 микрограми.
Во зависност од тоа дали квалитетот на воздухот е “умерен” или “добар” , особено кога загадувањето е многу високо поради сообраќајот, според студијата објавена во Archives of Internal Medicine, откриен е зголемен ризик од добивање на мозочен удар кај жителите во областа на Бостон.
Во друг извештај, објавен во истото списание, се вели дека кај жените кои живеат во позагадените области на САД, е забележано губење на меморијата. Тие, за разлика од жените кои живеат во понезагадените градови и подрачја, поспоро размислуваат.
Според Gregory Wellenius, од Универзитетот Браун во Провиденс, кој е и главен автор на студијата, луѓето кои можат да ги почуствуваат ефектите од загадена животна средина врз сопственото здравје, во текот на високото ниво на згаденост на воздухот треба да престојуваат во затворен простор.
При спроведеното истражување и споредување на податоците од медицинските досиеја на повеќе од 1700 пациенти, кои биле примени во медицинските центри во 1999 и 2000 година, аналитичарите откриле дека ризикот од мозочен удар во текот на 24 часа, по изложување на “умерено” загадување, во споредба со деновите во кои загаденоста била висока, е зголемен за 34%.
Според Wellenius, крвните садови кај човекот изложен на загаден воздух, се прошируваат и се собираат како последица од загадената животна средина , со цел да го одржат стабилен крвниот притисок.
Загадувањето на воздухот може да влијае и на физичката способност на човекот да го регулира крвниот притисок, што кај ранливите луѓе може да предизвика удар.
-Дотокот на крв до мозокот е исклучително важен за когнитивната функција, изјави Wellenius.
Ниту едно откритие или медицински наод не укажува дека единствена причина за проблеми со меморијата или пак, добивање на мозочен удар е загаденоста на воздухот. Истото не може никако да се докаже, но претходните истражувања покажуваат дека загадувањето има негативни ефекти врз работата на срцето и врз крвните садови.
Истражувачите велат дека, крајно време е политичарите да сфатат, дека загаденоста на воздухот претставува вистинска закана за здравјето на луѓето.