Холандскиот парлалемт ѝ даде црвено светло на Албанија за почеток на преговорите со ЕУ, а безусловно зелено на Македонија, пренесе доцна синоќа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.
-Разгледувањето на одлука за преговори во пакет и за Албанија и за Македонија не е опција за Холандија, додава тој.
Сепак, предупредува Милошоски, холандскиот министер Блок ќе биде отсутен за време на министерскиот состанок во Луксембург кога ќе се одлучува за Македонија и Албанија (ќе биде во придружба на кралската двојка на важна трговска посета во Индија), при што дел од пратениците имаа дилема како тоа ќе се одрази на холандските позиции за време на министерскиот совет. Опозиционите крајно леви и крајно десни партии беа против отпочнување на преговорите и со Македонија (го споменуваа случајот “Рекет”) и со Албанија (проблемите со Уставниот суд и наркокартелите), додека партијата на Зелените предложи да се следи позицијата на германскиот Бундестаг.
Мнозинството пратеници сепак одлучи дека Холандија ќе поддржи одлука за преговори со Македонија, но е категорично против било каква одлука за отварање на преговори со Албанија.