Двајца надгледувачи на командниот мост на бродот „АЛП Страјкер“ во Атлантикот кој трага по преживеаните после бродолом на бродот „Бурбон Роуд“ воочиле прво бел, па веднаш потоа и црвен пиритехнички сигнал, кој бил преведен како повик за помош, известуваат локални медиуми.
Тоа е нова надеж за потрагата по седум исчезнати лица од екипажот од бродот кој потона на 26 септември во Атлантикот, а помеѓу исчезнатите е и Дино Мишкиќ од Хрватска.
„Подрачејто на кое се забележани сигналите се совпаѓаат со претпоставките од можната локација на потонатиот брод“ велат оттаму.
Регионалниот центар за спасување веднаш побарал од три товарни бросови да го променат курот и да тргнат во подрачјето каде бросот потонал, а наредена е додатна претпазливот во тој регион.
Во петокот е објавено дека е намален опсегот на потрагата. Од 14 членови на посадата, тројца се спасени, четири тела се извлечени од водата, а уште седум се водат за исчезнати.
Заедно со хрватскиот морнар бил и еден украински, еден руски, јужноафрикански и филипински член на екипажот.