Фросина Ременски е осомничениот функционер, и таткото на Боки, а притвор се бара за Јасна Мандиќ


Покрај пратеничката Фросина Ташевска Ременски, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се и Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од обвинителството.

Според инфомрации на Телма од обвинителството првоосомничен во проширената истрага за измама и перење пари е претседателот на Меѓународниот сојуз Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ директорка на Меѓународниот сојуз и асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова.

Мерки на претпазливост ќе се бараат и за тројца од четворицата нови осомничени, додека за еден кој е дел од Меѓународниот сојуз ќе се бара притвор. Неофицијално, станува збор за Јасна Мандиќ која е заменик-претедателка на Меѓународниот сојуз.

Ременски беше повикана да даде исказ на 4 септември каде беше речиси повеќе од два часа.

Како што соопшти Јавното обвинителство, вкупно се осомничени пет лица, а за едно се бара притвор. Неофицијално, станува збор за осомничената Јасна Мандиќ, која, заедно со Миле Јовановски, се сопственици на телевизијата „1ТВ“. Првоосомничен е Боки 13, кој е во притвор од 15 јули за случајот „Рекет“. За останатите тројца осомничени се бараат поблаги мерки на претпазливост.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама“ предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со член 45 и кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 од Кривичниот законик. Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „Измама“ по член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 24, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Правното лице се сомничи дека сторило кривично дело „Измама“ по член 247 став 8 во врска со став 4, врска со став 1 од Кривичниот законик,
се вели во соопштението од обвинителството.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1