„За 1300 денари, граѓани плаќаат и по 130.000 денари – се појавуваат сметки од 1992 година, ова е непочитување на законот“, вели Глигорова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Извршители во моментов во Македонија имаат блокирано сметките на 80.000 физички лица. Дарко Попоски рече дека постојат фалсификувани предмети со фалсификувани договори од Стопанска банка АД Скопје за наплата на непостоечки побарувања.