Макрон: Реформа на Европската унија па потоа преговори (ВИДЕО)


Реформа на Европската унија па потоа преговори, порача францускиот претседател Eмануел Mакрон синоќа на прес конференција по средбата со германската канцеларка Aнгела Mеркел во Tулуз.

Францускиот претседател истакна дека го дели ставот оти Балканот е стратешки важен за Европа, но има прашања кои е неопходно да се решат пред да се отворат преговори со Македонија и Албанија.

-Постојат работи што треба да ги завршиме претходно, пред да почнат преговорите. Мислам дека треба да ја реформираме процедурата, денес таа е неповратна непрогресивна и неадаптирана. Правиме чудни работи меѓу нас. Луѓето не го знаат тоа. Даваме слобода на движење меѓу нашите земји уште пред да почнат преговорите. Можеме слободно да патуваме со Албанија без визи, и покрај тоа што Албанија се уште не ги почнала преговорите. Ваквите односи се чудни. Мораме правилно да ги поставиме работите и на овој план бидејќи не функционираат добро. Благодарение на визната либерализација, денес во Франција имаме илјадници и илјадници луѓе што бараат азил.

Како да им објаснам на нашите граѓани дека втората земја со најголем број барања за азил во Франција се луѓе што доаѓаат од Албанија, но работите се толку розови што допрва ќе почнат преговорите за членство во ЕУ? Со оглед дека не знам да им објаснам на луѓето, тоа значи дека постои проблем. Не знам да им објаснам на луѓето. Така е бидејќи не ги подредивме работите правилно. Ние треба да ги подредиме работите правилно. Треба да имаме попрогресивен пристап, поорганизиран пристап, кој може да биде повратен, истакна францускиот претседател Макрон .

Во видеото погледната ја целосната изјава од синоќешната пресконференцијата на претседателот на Франција Емануел Макрон .

Видео – Канал 5

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1