Ништо не е одлучено, само е одложено. Забележана е огромната работа што ја направиле колегите во Северна Македонија и Албанија. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов во Брисел, каде што се одржува самитот.
-„Да, несомнено постои страв од проширување. Но, огромното мнозинство на земји се за „овие две земји да ја добијат својата перспектива”, вели тој.
Додава дека Бугарија отсекогаш давала поддршка.
„Отсекогаш сме и давале поддршка, Заев направи многу работа и има уште многу да се направи. Му реков на македонскиот премиер да не поднесува оставка“, рече Борисов додавајќи дека Северна Македонија е многу емотивна и вложила голем напор.
„Ниту една земја досега не го сменила своето име“, додава тој.