Мајка и 4 деца изгореа во пожар (Фото)


Утринава, околу два часот по полноќ, во стравичен пожар во нивниот дом изгореле три деца, две момчиња на 13 години, едно 9 и едно девојче од 11 години, и нивната мајка. Најмалото, три годишно, е тешко повредено.

Пожарот во семејна куќа во местото Харлоу, во англиската област Есекс за полицијата е сомнителен и се испитува можноста пожарот да бил подметнат.

Таткото на децата, лекар по професија Abdul Shakour, очајнички се борел да ја спаси жената и децата но не успеал. Тој е хопитализиран и е во критична состојба поради инхалирањето на голема количина чад.

Само еден час пред пожарот на паркинг во близина на куќата имало опожарено возило и противпожарната бригада била на терен. Полицијата испитува дали можеби се поврзани.

Соседите се во шок. Околу 2 часот наутро не разбуди страшен крик – жена молеше за помош, маж избезумен трчаше и бараше помош, па повторно влегуваше во куќата, раскажуваат соседите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1