Мозаик со ликот на Тоше ќе се открие во центарот на Прилеп (Фото)


По повод пет години од загинувањето на Тоше Проески, утре напладне во центарот на Прилеп, до Домот на културата „Марко Цепенков“, ќе биде откриен мозаик со ликот на Тоше.

Мозаикот четири години го работел прилепскиот наставник и уметник Ристо Тошески. Висок е пет и широк три метри и со разнобојни камчиња. Има форма на солза во која е ликот на Тоше, 26 цвеќиња што ги симболизираат неговите години и познатиот ангел од црквата во Курбиново.
Околу мозаикот се уредува водна површина со парк во спомен на Тоше. Отворањето ќе биде збогатено со настап на групата „Трета димензија“, која ќе ги исполни најпознатите песни на Тоше.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1