Французинка остана без двете раце и едната града во напад на ајкула во едно од најатрактивните летувалишта на светот , во близина на полинезискиот остров Мооре.
Додека 35- годишната Французинка пливала во близина на брегот и ги гледала китовите, била нападната од ајкула. На страшниот настан сведоци биле нејзиниот шестгодишен син и другите членови на семејството. таа била пренесена во хотел , каде и била укажана прва помош.
„Видов жена без раце, левата рака и висеше. Ребрато на десната страна и беше отсечено. Имаше голема паника“, рече еден од сведоците за локална радио станица.
Според сведоците, Французинката била свесна кога била пренесена на брегот. Потоа, таа, наводно, го поставила прашањето: „Но, зошто ме одведовте таму ако не беше безбедно?“
Пожарникарот Жан-Жак Ривета изјави за АФП дека жртвата имала среќа што имало две медицински сестри во близина на несреќата, кои можеле да и дадат прва помош.
Жртвата изгубила многу крв и во тешка состојба била пренесена во болница на блискиот остров Тахити. Нејзината состојба е сериозна, но стабилна, велат од болницата. Околностите на нападот се во фаза на истрага.