Американската полиција од феникс објави видео како од акционен филм , во кое жена во автомобил намерно се забива во џип во движење , за да ги спаси пешаците меѓу кои и бебе во количка.
Како што може да се види на видеото, на крстосницата е запалено црвено светло , а двајца пешаци ја преминуваат улицата и туркаат бебешка количка. Во еден момент, околу шест секунди подоцна, џип управуван од Ернесто Отанез Овесо поминува со голема брзина на црвено и вози директно кон пешаците. Сепак, тогаш на него налетува Шевролет Круз управуван од 27-годишна девојка. Таа не забавува, туку го удира џипот и го отфрла.
Во видео снимката, полицијата од Феникс веќе ја прогласи девојката со „Шевролет“ за „хероина“. Инаку, несреќата се случила доцна вчеравечер, а според полицискиот извештај, Овесо избегал од несреќата со џипот со сопатникот. Откако бил фатен, било утврдено дека Овесо е под дејство на опијати, а во џипот бил пронајден пиштол. Девојката со „Шевролетот“ е повредена, но не е во опасност.