„Многу политичари се сликаа со Бојан, тие сите кои се сликале со него не можеле да знаат што тој правел. За оние кои имаме основи на сомнение отворивме истрага”.
Ова вечерва за отворено на 24 го рече обвинителката Вилма Русковска која ја води истрагата за „Рекет”.
Таа во интервјуто вели дека меѓународниот сојуз бил регистриран како невладина и непрофитабилна организација и оние кои биле вклучени таму немале право да заработуваат пари.