Mу се заканувал на вулканизер со Молотов коктел – не му ги средил гумите на време


Полицијата во Крагуевац го уапсила Милан Џ. (51), осомничен дека на еден сопственик на вулканизерска работилница, му се заканувал со Молотов коктел затоа што не му ги средил гумите на време.

Во полициското соопштение се наведува дека Милан се терети за кривично дело, загрозување на сигурноста и ќе биде спроведен пред истражен судија на Основниот суд во Крагуевац.

Mилан ден претходно му ги донел гумите на вулканизерот, кој му ветил дека за еден ден ќе бидат готови. кога утредента дошол по гумите тие сеуште не биле готови и Милан се налутил. земал молотов коктел, го запалил и држејќи го во рака претел дека ќе ги запали. очевидци веднаш повикале полиција по што Милан е уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1