5 години без него – Тоше Проески фан клубот ќе го одбележи овој ден со хумaност


Интернационалниот Тоше Проески фан клуб овој ден ќе го одбележи со два настани, настани кои се во спомен на големата вера и хуманост на Тоше.

Централната молитва ќе се одржи во Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје со почеток во 17:30 часот каде ќе бидеме сплотени во молитва за човекот кој засекогаш ќе го паметиме, велат од фан клубот.

Во соработка со Црвениот Крст на град Скопје, а инспирирани од хуманоста на Тоше, ќе се одбележи светсктиот ден на гладот пред спомен куќата на Мајка тереза во Скопје од 11.30 до 16 часот.

Денеска ќе биде откриен и мозаикот со ликот на Тоше во Прилеп

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1