Заев: Со една избoрна единица добива демократијата, СДСМ дава поддршка за промена на изборниот модел


Дебатата за промена на изборниот модел е значаен чекор, особено што и слободата и демократијата се во ваков амбинет и на високо ниво истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на јавната расправа во Собранието, се наведува во партиското соопштение.

Државата е подготвена, подготвена е и ДИК и нема законски ниту правни пречки, ако Собранието, пратениците донесат одлука за промени на изборните модели што значат демократизација. Државата ни е мултиетничка и мултиетничноста е распоредена насекаде низ државата. Затоа мислам дека е дојдено време за разбивање на бипартизмот во македонскиот и албанскиот политички блок. Јас сум за концептот едно општество за сите и мислам дека е времето е зрело за да направиме одреден исчекор, исткана претседателот Заев.

Осврнувајќи се на постојниот изборен модел, претседателот Заев укажа на постоењето на ризик за појавување на автократизам во општеството.

Анализатие што ги правеше СДСМ во изминатите изборни циклуси од 2002 до денес со пропорционален изборен модел, покажуваат дека севкупно се губат десеттина пратенички места, кои секако многу значат за соодносот на пратеничките групи, затоа што тие би отишле на контото на првите три најбројни парламентарни партии. Мнозинството во СДСМ е за една изборна единица и иако имавме противници на овој модел вантре во партијата, покажавме голема демократска зрелост и се надевам дека останатите политички партии ќе го следат нашиот пример, посочи Заев.

Во обраќањето претседателот Заев истакна :

,,Ова е убав мегдан да се измериме, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, може и сами да настапиме па согласно способноста упорноста да се натпреваруваме пред гласачите. Ние сме за едно изборна единица и ако може да се вгради во Изборниот законик отворени листи за локални избори уште сега, па таму за првпат да одиме и со отворени листи, тоа веќе многу сериозно ќе ја постави државата. Мислам дека не сме подготвени и една изборна единици и отворени листи на парламентарни избори, затоа што е прекомплицирано е и една изборна единица и отворени листи, затоа да го направиме првиот чекор со една изборна единица. Со отврените лисит да почнеме на локално ниво со советничките листи. Сето тоа ќе биде сериозен исчекор.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ останува на ставот за сооднос 50-50 кога станува збор за застапеноста на жените на изборните листи и истовремено ја поздрави иницијативата и најави поддршка доколку се изнајде решение кое прифатливо за сите политички субјекти.

Со воведувањето на една изборна единица добива демократијата, добива државата. Со една изборна единица ќе го намалиме клиентелизмот на секое поле, значително ќе се намали партизацијата на дрѓавата вклучително и на јавната администрација, заклучи претседателот Заев повикувајќи го Собранието да продолжи со сериозно разгледување на оваа иницијатива, бидејќи се уште има време и предвремените избори да се одржат со нов изборен модел.

Интегрален текст од изјавата за медиуми на претседателот на СДСМ, Зоран Заев:

Почитувани,

Јас имав чест како претседател на владата, но и како претседател на СДСМ како најголема политичка партија во државата да присуствувам и да дадам свое размислување во името на СДСМ.

Се работи за важна работа која се дискутира во државата, а тоа е еден чекор повеќе во демократијата да направиме како одговорност пред граѓаните, општеството, државата, оваа дебатата што е отворена за иницијативата предводена од Љиљана Поповска, како и сите пратеници што се заедно во оваа работа, има веќе 15 пратеници како носители на иницијативата има потреба да се измени изборното законодавство и да се вгради нов изборен модел, заради тоа што граѓаните тоа го очекуваат, а сите ние очекуваме да направиме повеќе за својот народ, изразениот ризик дека секогаш овие модели може да донесат ризик за идно автократско однесување на поединци од поголемите политички партии, но и секако демократскиот начин на изразување на фер шанса за сите особено помалите политички партии и имајќи ја предвид мултиетничноста во државата, која е буквално распоредена на секаде низ Северна Македонија, верувам дека има сериозни аргументи за да се води оваа дискусија и да не носат сериозни одлуки во функција на унапредување на демократијата.

Мене ме радува слободата, демократијата, мислата која ја слушнав денеска овде и тоа ме поттикна да дадам сериозна поддршка на вкавата дискусија, бидејќи низ слободно мислење, одлучување и дискутирање можеме да ја придвижиме државата напред.

Преку ваквиот модел ќе се има поголем легитимитет и своја тежина секој избран пратеник, а тоа може да донесе и нови квалитативи за севкупниот живот на граѓаните и да падне тој клиентелизам што го чувствуваме во сите власти.

Ќе можеме на поинаков начин да делуваме во департизацијата или деполитизацијата во нашето општеством, вклучувајќи ја и јавната администрација во државата, како и голем број на придобивки кои може да се случат.

Јас сакам како претседател на најголемата политичка партија да испратам порака до ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, да размислат внимателно има секако и кај нив демократски капацитети, а добиваат сите од оваа работа, ако некои губи прво ќе изгуби СДСМ, па ВМРО-ДПМНЕ и верувам понатаму не губат политичките партии, напротив само добиваат. Но, ќе добие демократијата, ќе добие значење концептот едно општество за сите.

При овие околности дадов денеска сериозно охрабрување и до албанските политички партии кои дел беа овде, не смеат да се откажуваат од традиционалните гласачи во 3 и во 4 ИЕ, затоа што кога ќе биде 1 ИЕ, тие ќе дојдат на нивното конто. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе можат навистина да ги измерат своите сили уште почесно, и ова го зборувам во момент кога СДСМ има многу посериозен коалициски капацитет и тоа граѓаните препознаваат. Трето, опцијата за коалициски настап останува, и на крајот потврдив и на оваа дебата дека Парламентот може да смета на СДСМ преку глас на пратениците за изборниот законик.

Очекувам консензус, постигнавме консензус за датумот на изборите, можеме и за ова. Да се направат обиди и со ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, АА, БЕСА, ДПА и сите политички партии да се направи обид, но секако на крајот Парламентот гласа, јас незнам дали со пратениците на СДСМ ќе имаме 61, не сме правеле математики ниту знам, но иницијаторите нека направат пресметки, нека разговараат. Јавно потврдувам дека СДСМ застанува позади една вакава прагматично -формална иницијатива преточена преку законот за да можеме да направиме унапредување на севкупната демократија во нашата земја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1