Време е за војна! – Трамп ја споменува војската поради масакрот на американското семејство во Мексико


Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер испрати многу сериозни пораки по масакрот во Мексико во кој загинаа девет члена на американското мормонско семејство, меѓу кои и деца.

Трамп напиша дека е подготвен да испрати армија во Мексико.

“Прекрасно семејство и пријатели од Јута се жртви на меѓусебна пресметка на опасни нарко картели Ако Мексико побара наша помош за да се ослободи од овие чудовишта, САД се на располагање, ние сме подготвени ако сакаат да ја завршат работата брзо и ефикасно. Нарко картелите станаа големи и моќни, понекогаш е потребна војска за да ја победи војската “, напиша Трамп и додаде:

„Дојде време Мексико, со помош на Соединетите држави, да и објави војна на нарко картелите и да ги збришеме од лицето на земјата. Не можеме да чекаме на покана на вашиот нов претседател“.

Мексиканскиот претсеедател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја одби понудата на Трамп и изјави дека самите тие ќе се справуваат со нарко картелите.

Трамп ги напише постовите на Твитер откако девет члена на американското семејство Лебарон, меѓу кои и деца, загинаа вчера во напад во северно Мексико. Непознати напаѓачи ги убиле Американците , кои биле поврзани со заедницата на Мормоните, кои постојат неколку децении во Мексико.

Тие биле живи запалени, а жртвите се на возраст од 8 месеци до 43 години.

Масакрот се случил додека членовите на семејството оделе на свадбена веселба. Седумнаесет членови на семејствата Лебарон и Ландфорд биле на пат кон местото каде што се одржувала свадбата со нивните возила кога непознати вооружени лица почнале да пукаат кон нив. Куршумите ги погодиле резервоарите за гориво, пои што некои од возилата биле целосно изгорени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1