Полицијата ги идентификуваше сите жртви од „камионот на смртта“ во кој беа пронајдени 39 тела на мигранти од Виетнам на 23 октомври годинава. Во камионот-ладилник кој беше откриен во Есекс, во близина на Лондон, имало тела и на десет тинејџери.
Идентификацијата ја извршија британските васти во соработка со виетнамската полиција.
– Наш приоритет беше да ги идентификуваме жртвите, да го сочуваме достоинството на оние кои го загубиле животот и да ги поддржиме семејствата и пријателите – изјавија од британската полиција.