ЗАЕВ ЗА ЗАБРАНИТЕ ЗА ПРОТЕСТИ: Слушнавме реакции од граѓаните и веднаш се повлековме


Предлог законот за јавни собири што денеска беше на дневен ред на владина седница е повлечен поради ракциите на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на Буџетот за 2020 година, рече дека ги слушнале реакциите на граѓаните и дека веднаш реагирале.

– Ги слушнавме реакциите на граѓаните и веднаш реагиравме. Ќе ги слушнеме граѓаните, невладиниот сектор, ќе видиме како демократиите го прават тоа. Веднаш на седница на која почна денеска се носи само буџетеот и донесовме одлука веднаш и го повлековме законот, изјави премиерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1