Судењето за „Рекет“ ќе почне на 3 декември – еве кој е судија


За три недели од сега, на трети декември екс специјалната обвинителка Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец треба да седнат на обвинителната клупа во скопскиот Кривичен суд за кога е закажано првото рочиште за аферата “Рекет”.

Предметот според АКМИС системот е распределен кај судијката Васка Николовска – Масевска, од одделението за оргамнизиран криминал, која ќе претседава со петчлениот судечки совет.

Судијката Николовска – Масевска била една од тројцата судии кои ги одбиле жалбите на осомничените во случајот “Империја” – Сашо Мијалков и Орце Камчев со што не им беше дозволено да излезат од притвор.

Наспроти тројцата обвинети ќе седи обвинителката Вилма Русковска. Според обвинението кое таа го покрена на 10-ти октомври, Јовановски и Милевски од бизнисменот Орце Камчев зеле 1.500.000 евра, а Јанева мебел и 50.000 евра за да му обезбедат олеснителни околности на Камчев во случајот “Империја” на тогашното СЈО, каде е тој е осомничен за перење на пари.

Боки 13 од средината на јули е во притворот во Шутка, а таму од пред два месеци е и Јанева. Таа преку нејзината адвокатка пред еден месец побара од Апелација да ја пушти од Шутка со гаранција од три стана вредни околу 160 илјади евра, но судот се уште не донел одлука. Од таму велат дека заради недостинг на одредени документи предметот го вратиле во првостепениот суд за да се докомплетира.

Истрагата од минатиот месец се прошири на уште четири лица, за перење пари, измама и помагање во измама. Од обвинителството за Канал 5 велат дека:

-Активно се постапува, се прибираат материјални докази и се очекуваат вештите наоди од наредбите за вештачење, по што надлежниот обвинител ќе оцени дали и кого треба да го повика да даде исказ.

Досега осомничени за овој дел од истрагата се пратеничката Фросина Ременски, почесен претседател на Меѓународниот сојуз, потпретседателката на овој Сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, Христина Блажевска и Боки 13 кој е осомничен за нови кривични дела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1