Шиндлерова листа, Кога јагнињата ќе стивнат, Ханибал, Гладијатор – го преживеа Холокаустот, доби Оскар – Почина славниот хрватски продуцент


Славниот холивудски продуцент Бранко Лустиг почина вчера во Загреб на 87 години. Лустиг е маркантното продуцентско име во американската филмска индустрија роден во Осјек, Хрватска, поранешна Југославија во еврејско семејство и како дете, две години ги преживува ужасите на концентрациониот логор Аушвиц.

Кариерата ја почнал во филмската куќа „Јадран филм“. Во САД заминува откако добива отказ од загрепскиот театар „Гавела“. Во својот пробив на меѓународната филмска сцена и амбицијата за стекнување искуство, Лустиг работи како асистент на режија („Лимениот барабан“), кој доби „Оскар“ за најдобар странски филм во 1980 година. Кон крајот на 80тите го реализираше најголемиот продукциски проект во својата кариера. Загреб беше одбран како локација за снимањето на светски познатата телевизиска серија „Војна и сеќавања“ и „Ветришта на војната“ со Роберт Мичам во главната улога.

Веднаш потоа го продуцираше и филмот „Венчани“, на покана на Спилберг и филмот „Шиндлеровата листа“, со кого стана многу добар пријател. Филмот „Гладијатор“ на Ридли Скот, на Лустиг му донесе две награди „Оскар“. Во неговото извонредно портфолио се запишани и многу други, но светот особено ги памети „Падот на Црниот орел“, „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Ханибал“.

Интересно е дека во сите филмови кои ги продуцирал се појавувал и како статист во само една сцена. Во култиот филм „Козара“, тој е Германецот кого го ослепува бомбата, во „Селанска буна 1573“ е џелатот со круната за погубување на Матија Губец, во „Шиндлеровата листа“ е сопственикот на клубот во кој оди Оскар Шиндлер, во „Миротворец„ е човекот со кучето. Лустиг го применувал истиот метод како славниот режисер Алфред Хичкок кој пак сакал да се појавувал како статист, но во само еден кадар во своите филмови.

„Мојот број е A3317. Долг е патот од Аушвиц до оваа сцена. Умрените ми оставија аманет ако преживеам да кажам како беше и како тие умреа.”, рече Лустиг откако Оскар за најдобар продуцент за „Шиндлеровата листа“. Овој говор беше поттикнат од сцена на која Лустиг бил присутен во логорот и која ја изговорил еден Евреин пред да биде обесен пред очите на затворениците.

Интересно е дека едно од децата затвореници во филмот го носи токму неговиот број. Токму Лустиг му ја даде идејата на Спилберг девојчето со црвениот капут да биде единствена сцена каде има кадар во силно црвена боја, како симбол на ужасот на погубувањето на Евреите. Овој кадар стана култен во холивудската кинематографија.

Во 2015, се врати во Аушвиц за да го сними документариот филм „Да не се заборави“, посветен на стравотиите кои ги преживувале Евреите во Аушвиц. Самиот Лустиг излегол од Аушвиц со само 30 килограми и бил еден од ретките кои ја преживеале средбата со нацистичкиот монструм Јозеф Менгеле.

„Само ме погледна и еден офицер му кажа дека имам 16 години, само мал сум по раст. Отсечно одмавна со раката и тоа подоцна дознав дека значело носење во гасната комора. За среќа, не завршив таму, зошто еден СС офицер виде дека сум добар со нивните вучјаци и за чудо тие ме сакаа, иако беа тренирани да убиваат. Ме викна да ги ранам и да се грижам за нив. Така преживеав.“ – се потсети Лустиг.

На фестивалот „Браќа Манаки“ во 2007, ја добива наградата „Златна камера 300“ за животно дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1