Секој десетти тинејџер со заболен црн дроб, поради тоскична храна


Денес се повеќе млади луѓе се заболени од хронична болест на црниот дроб, (NAFLD), а причината за истата е големото количество на конзумирање на токсична храна.

Со официјални бројќи неодамна излезе „National Health and Nutrition Examination Survey“, која откри дека 10% од американските тинејџери страдаат од масни заболувања на црниот дроб (NAFLD), која би можела да претставува потенцијална смртоносна состојба доколку се дојде до хронично воспаление на црниот дроб.

Младите континуирано несвесно јадат токсична храна, нешто што во подолг период му штети на организмот, а потоа од лекувањето нема никаква корист поради тоа што заболувањето е предоцна откриено.

Со ваквата експертиза излезе доктор Миријам Вос од Емори Универзитетот за Медицина и заедно со нејзините колеги објавиле бројка од 10,000 заболени млади луѓе на возраст од 12 до 18 години, во периодот од 1998 до 2008 година. Она што е откриено исто така, е тоа што ваквата возрасна група е речиси тројно зголемена во текот на 10 годишниот период, надминувајќи го истовремено брзиот пораст на стапката на дебелина.

Доктор Вос откри изненадувачки податок, дека всушност NAFLD се зголемува побрзо отколку бројката на здебелени деца, што е спротивно на теоријата дека ваквите две болести одат рака под рака.

Во спротивно се чини дека некој друг фактор придонесува за порастот на NAFLD случаите, кои не секогаш може да бидат директна причина за дебелината.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1