Според извештајот на Царината, Окта сериозно ги кршела царинските правила и прописи и остана без девет одобренија за поедноставена постапка, а доби и три кривични пријави. Една за царинска измама и две за криумчарење, јави Сител.
Окта увезувала стока забранета за увоз, а според Царината против компанијата за преработка на нафта и нафтени деривати од Скопје се водат и 561 прекршочна постапка. Окта увезувала и со одобренија со истечен рок од повеќе од 1 година.
Со оглед на одземените одобренија за увоз и извоз, веројатно компанијата ќе соочи со забрана за работа.
Според соопштението на царината одземени им се :
– Одобрение за овластен примач
– Одобрение за локално царинење при увоз
– Одобрение за овластен испраќач
– Одобрение за локално царинење при извоз.