НОВИ МЕРКИ: Забранети гостувања на музичари, по 4-ца на маса


На оваа своја седница Владата ги усвои заклучоците од состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржан на 4.10.2020 година, со предлог мерки за спречување од ширење на коронавирусот КОВИД-19.

Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на КОВИД-19, Владата ги прифати ги препорача следите рестриктивни мерки на Комисијатa:

  • Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).
  • Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели.
  • Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица. Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, точка 6. се брише и се заменува со „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“, а во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се додава нова точка: „максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица“.
  • Комисијата укажа, а Владата прифати на стриктно почитување на точка 3. не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси како во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, така и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите
  • Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1