КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАВА ЌЕ ИМАМЕ ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ИДНАТА ГОДИНА


Кризна состојба во земјава ќе имаме се до крајот на јуни идната година. Тоа го изгласаа народните избраници, откако го предложи Владата.

Со 61 глас „за“, без ниеден „против“ и „воздржани“ Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од опозоцијата.

Со одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година. По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи. Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата , Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1