Украле цел мост тежок неколку тони, за една ноќ


Мост тежок неколку тони кој бил преку потокот Зовчица во Брчко е украден.

Според траговите кои останале на земјата може да се заклучи дека крадците ги одвоиле завртките кои ги врзувале железните столбови и ги однеле цели – цел мост, пренесува Klix.ba

мостот не бил многу користен, само од неколку семејства кои го преминувале со земјоделска механизација за да стасаат до своите ниви.

Мостот го направило семејство кое има нива на другата страна.

” работев во железница и кога им кажав за проблемот ми дадоа шини 12 местри долги кои беа истрошени и не беа за на пруга. Од нив е направен мостот.

Крадците најверојатно мостот го украле за да го продадат како старо железо, а мештаните сега имаат мака, како да минат на другата страна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1