Двајца приведени за “Јавна соба”


Две лица се приведени поради скандалозната група “Јавна соба” на Телеграм во која се објавува порнографија, експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, адреси и броеви од девојки од Македонија.

Оваа информација на Фејсбук ја објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, напиша Спасовски на Фејсбук.

Во групата во моментот има над 8.000 членови, а вчера освен порнографска содржина се објавуваа и видеа со насилство врз жени, егзекуции, убиства и пропагандистички видеа на Исламска држава

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1