Вучиќ покажа вознемирувачки фотографии од убиствата на бандата на Беливук


Вознемирувачки фотографии од тела на две жртви за чии убиства е осомничена криминалната група на Веjко Беливук, синоќа беа прикажани на прес-конференцијата на министерот за полиција, Александар Вулин и претседателот на Србија, Александар Вучиќ одржана по седницата на Советот за национална безбедност.

На фотографиите се гледаат безживотни тела на две жртви и голема количина на запленето оружје и муниција.

„Долго размислувавме дали да го сториме тоа, почитувајќи го законот, бидејќи она што ќе го видите е одвратно, застрашувачко, иако тоа е само мал дел од она што го имаме на располагање“, рече министерот Вулин.

Вулин рече дека групата на Беливук е разбиена во акцијата под кодно име „Киднапер“ и дека фактот што им е продолжен притворот на членовите зборува за тоа колку се цврсти доказите собрани од полицијата.

Вучиќ рече дека членовите на бандата имала обележана лица на луѓе од Министерството за внатрешни работи, за кои сметале дека им се непријатели.

Посочи дека криминалната банда ги снимила убиствата, но дека тој чин на злосторство нема да биде објавен пред јавноста. Вучиќ додаде дека засега истрагата засега опфаќа четири убиства и дека најверојатно ќе се проширува.

„Ние кај членовите на оваа најпозната криминална група (Вељко Беливук) што е зад решетки , првпат успеавме да направиме нешто во техничка смисла. Увезувавме уреди што порано не ги користевме. Членовите на криминалната група имаа фотографии и обележани лица на луѓе во МВР и БИА, кои, како што сметаа, им беа прогонувачи. Тоа се оперативци кои се бореа директно против нив и успеале во тоа. Тие ги ризикуваа своите животи, но успеаја“,
истакна Вучиќ.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1