Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски


13 години затвор доби обвинетиот Насер Ешрефи за убиството на Ангел Петковски пред речиси 7 години во населбата Ѓорче Петров.

Според судот, обвинетиот е виновен бидејќи со умисла го сторил кривичното дело. Останува во притвор до правосилност на пресудата.

Во изречената казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години.

Судечкиот совет при изрекувањето на пресудата информира дека му било многу тешко да ја донесе оваа одлука, бидејќи се работи за два млади животи од кои едниот го загубил, а на другиот му бил прекинат со издржувањето на казната.

Незадоволни од висината на казната се и родителите на убиениот Ангел, кои сметаат дека е премала и најавија жалба. Со солзи во очите, реагираа дека ништо не може да го врати нивниот син,а се прашуваат и со кое право обвинетиот му го одзел животот на Ангел.

Убиството се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1