Грција ја отвара границата на 14 мај, влез само со потврда за вакцинација или негативен тест


Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на 14 мај Грција ќе ја отвори границата за влез на Македонски државјани, Утрово имал разговор со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис на кој ги договарале деталите за отворање на границата.

„Ме извести дека двата гранични премина, Евзони и Дојран, ќе бидат отворени на 14 мај за македонските граѓани, но ќе биде задолжителна потврда за вакцинација или негативен тест“, рече министерот Филипче.

Тој утрово зел обврска дополнително да ја извести грчката страна како ќе изгледаат нашите сертификати за примена вакцина и да достави листа на лаборатории кои издаваат тестови.

Министерот Филипче нагласи дека очекувањата се да се отвори границата доколку не се случи нешто што би ја влошило сегашната состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1