Украдени вредни слики од Пикасо, Монет, Матис


Ремек дела се украдени од музејот во Ротердам, вредни до стотина милиони долари! Крадците однеле неколку вредни слики од луксузната колекција Тритон, која содржи автори како Пикасо, Монет, Матис, Гаугуин.

Сликите кои на легалните аукции би можеле заедно да достигнат цена од неколку стотина милиони долари, се украдени од Кунстхала во Ротердам, меѓу музејските експонати на Пикасо, Ван Гог, Душампс и Мондриан, објавила холандската полиција. Една од украдените слики е она на Матис, тврди холандската агенција ANP, додека BBC јавил дека украдените ументички дела се луксузни колекции на Закладе Тритон, која во чест на 20 годишнината, организирала изложба во Музејот на Ротердам. Ова всушност е прв пат на едно место да биде изложена комплетна колекција.

„Во текот на ноќта е провалено и неколку слики со огромна вредност се однесени“, изјавила портпаролката на полицијата Патрисиа Веселес, не потврдувајќи службено за кој уметник се работи. Ваков голем грабеж во Холандија не е виден од 1991 година, кога во музејот Ван Гог во Амстердам биле земени 20 вредни дела.

Алармот се вклучил рано утредента, но додека полицијата стигнала на местото на настанот, крадците веќе биле заминати. Грабежот бил одлично подготвен“, соопштила полицијата во соопштението, прегледувајќи ги снимките од надзорните камери. Музејот поради понатамошната истрага е затворен за посетители.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1