Грците ќе ,,урлаат,, на телефон за да си смират нерви


Наместо бесот од економската криза да се исфрла на протести и на улица, сега во грција се воведува телефонска линија која ќе им ги смирува нервите на грчките граѓани.

Услугата е наречена управување со гневот (anger menagment) и им нуди на граѓаните да се јават и да си кажат што им лежи на душа. Тие можат да се јават и да го истурат својот гнев од се што им се случува. Можат да се пожалат на соседот, на жената, на меѓународните кредитори – буквално за се што ги мачи. А можат и да викаат, да колнат, итн.

Според  „Прото тема“ ниту ова задоволство нема да е џабе – цената ќе е речиси 2 евра за минута. Први ваква линија воведена беше годинава во Германија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1