Вакцинираните со две дози имаат полесни симптоми, болнички се лекуваат оние со дополнителни заболувања


Има пациенти што се со срцеви, бубрежни или други хронични заболувања и затоа е потребно да имаат болничка нега, вели директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ

„Пациентите што се хоспитализирани и целосно вакцинирани, според инфектолозите, се со полесна клиничка слика за разлика од оние што се невакцинирани. Вакцинираните хоспитализирани пациенти имаат други хронични заболувања, имале посериозни болести во минатото или операции и слични здравствени состојби и имаат потреба од надзор од стручни лица. Околу 10 отсто од сите хоспитализирани во државата се граѓани што се вакцинирани“, велат од Министерството за здравство.

Вакцинираните пациенти хоспитализирани поради ковид примале различни вакцини од сите што се на располагање во државата, но има и пациенти што се вакцинирале во странство со „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, велат од Министерство за здравство

Во изминатите две недели од 6 до 19 август) на територија на државата позитивни на ковид се 9 881 граѓани, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1 507 лица, што значи дека најголем број од новозаразените се невакцинирани – според двонеделната статистика 8 374 граѓани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% се целосно вакцинирани.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1