Никој не може мене да ми забрани да јас не бидам среќен со Преспанскиот договор, и да сонувам додека политички функционирам таа неправда која му е нанесена на народот да ја исправам, изјави вечерва во Тема на денот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Ние не можеме после оваа хистерија која ја шири СДСМ после нивниот дебакл да дозволиме да ја шират корупцијата и криминалот да ги оставиме само со еден аргумент да седат на влада а тоа е придавката да ја употребуваат и кога се будат насабајле и заспиваат со придавката. Не можете од мене да очекувате дека јас ќе ја повторувам како Зоран Заев придавката, тоа нема никогаш да го направам.
Мицкоски посочи дека Преспанскиот договор носи со себе определена реалност во Македонија.
-Не можеме ние да бидеме лицемерни и да велиме не е тоа реалност. И тие што учествуваа на овие избори потпишаа изјави со таа реалност. И ќе се правиме слепи ќе им даваме аргумент на Заев и СДСМ да продолжат да ја пустошат Македонија? Не, ама ќе продолжиме да работиме таа реалност еден ден кога ќе седнеме со нашите партнери на истата маса во ЕУ да ја исправиме, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска партија, дека ги дели вредностите на ЕУ и ќе продолжи посветено да работи да ги оствари тие цели.