Ковачевски најави кандидатура за лидер на СДСМ


По утврдената оставка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и распишаните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември, актуелниот – заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски најавува дека ќе се кандидира за иден лидер на СДСМ.

– Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, рекол Ковачевски во изјава за „Фокус“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1