Ќе останат ли скопјани викендов без парно греење? БЕГ вели, пари за набавка на гас нема и бара државата времено да го преземе производството.
- Ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина. За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона, соопшти компанијата.
Во однос на шесте милиони кои ги понуди Владата за покривање на високите трошоци за набавка на гас, од БЕГ за Сител појаснуваат дека овие пари се за месец февруари, но на компанијата и се неопхедни средства за да може да го помине јануари.
Проблемите во работењето на снабдувањчите со топлинска енергија дојдоа поради цената на гасот којашто се зголеми за три пати.
Инаку, денеска Владата донесе одлука ТЕ-ТО да работи и за време на викендите за да помогне во снабдувањето со парното и струјата. Иако од Владата посочија дека цената по којашто Те-То ќе ја продава струјата на ЕСМ не смее да надмине 170 евра, од компанијата појаснуваат дека струјата не може да ја продават за цена под производствената која во моментот изнесува 251 евро.
По новонастаната ситуација во енергетскиот сектор, од Министерството за економија за Сител велат дека утре ќе се произнесат по барањето на БЕГ и реакцијата од ТЕ-ТО.