Русија ќе плати и поскапа цена доколку продолжи со агресијата вклучително и со дополнителни санкции, рече во обраќањето американскиот претседател Џо Бајден.
САД во меѓувреме ќе продолжат со обезбедување на одбранбена помош за Украина и ќе продолжиме со зајакнување и осигурување на нашите НАТО сојузници.
Денеска во согласност со руското признание дека нема да ги повлече своите трупи од Белорусија, одобрив дополнително движење на американски сили и опрема веќе стационирани во Европа да ги зајакнат нашите Балтички сојузници, Естонија, Латвија и Литванија.
Да бидам јасен, ова се целосно одбранбени потези од наша страна, немаме намера да се бориме со Русија, рече Бајден .