Столтенберг: Русија планира голем напад, ние сме во состојба на готовност


Генералниот секретар на НАТО денеска изјави дека очекува Русија да изврши голем напад врз Украина, повторно ја повика Москва да се откаже од плановите за нападот и рече дека стотина авиони на НАТО се во состојба на готовност.

„Сите индикации покажуваат дека Русија продолжува да планира напад од големи размери врз Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот на Советот НАТО-Украина. Тој додаде дека НАТО продолжува да ја повикува Русија да се откаже од плановите за напад.

„Никогаш не е доцна да се откажете од нападот“, рече Столтенберг, додавајќи дека ова е најопасниот момент за европската безбедност во оваа ера. Столтенберг рече дека Русија најави повлекување на своите сили од границите на Украина, но го прави спротивното и продолжува да ги зајакнува. Тие исто така, продолжуваат со провокациите во Донбас барајќи изговор за војна.

Донбас е скратено име на Донецкиот басен на јаглен, област во источна Украина која ги вклучува регионите Доњецк и Луганск. Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрет за признавање на независноста на двата одметнати украински региони.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи да дава политичка поддршка за Украина, дека ќе направи се` за да ги заштити своите сојузници од агресија и дека Алијансата има стотина авиони во состојба на готовност, објави Ројтерс.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1