Гази Баба доби клуб за моторџии


Општина Гази Баба доби мото клуб наречен „Ангели чувари“.

На отворањето на клубот присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Имав чест да присуствувам на отворањето на новиот клуб на моторџии кој се отвори во Автокоманда. Среќен сум што на територија на нашата општина започна да функционира еден ваков клуб чија цел е едукација, промоција и афирмација на мото културата – напиша Стефковски на официјалната Фејсбук страница.

Од страна на основачите на клубот му беше доделена благодарница за поддршката која им ја даде во изминатиот период.

Им честитам на младите дечки Александар, Диме, Благоја, Тоше и сите останати за жарот, енергијата и посветеноста која ја вложија во отворањето на овој клуб.
Општина Гази Баба и јас како градоначалник сме подготвени за воспоставување на соработка и реализација на заеднички проекти. Нека е со среќа отворањето на клубот, да реди успеси и да функционира со години. – напиша Стефковски

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1