Откриена клетвата фрлена на хорор куќата во Црниче


Братска клетва е причина за проклетството на зелената куќа во скопската населба Црниче, пишува дневниот весник Вест.

Скопјанецот Трајко Боцев ги проколнал браќата бидејќи не сакале да го погребаат во семејната куќа. Потомок на браќата, Здравко Боцев за Вест ја раскажал приказната за оваа Куќа на стравот:

“ сопственици биле тројца богати браќа Трајко, Томе и Димче. Најмладиот од нив бил Димче, бил бербер, но решиле со брат му Томе да отворат бакалница и многу се збогатиле. Први имале лозје каде се наоѓа вилата, од кое правеле многу убаво вино. Најстариот брат Трајко се борел со Турците, кои смртно го раниле во Ниш. Пред да почине, пратил абер по неговиот син Никола да им пренесе на браќата да го земат и вратат во Скопје, за да го погребаат во семејната гробница.

Томе и Димче не сакале да чујат за тоа и го оставиле да умре сам. Никој не знае ниту каде е закопан. Пред да умре фрлил клетва на браќата да им се уништи се’ во животот. Од тука почнува проклетството“, раскажува за “Вест“, Здравко, потомок на Трајко.

Втората приказна е за семејството кое се доселило од Црна Гора. Семејството маж, жена и 3 деца биле богати. Едното дете починало паѓајќи од коњ, второто се удавило во бунарот, мајката се самоубила, а набрзо по неа и таткото.

Каква и да е приказната за ,,куќата на духовите,, во Црниче, сега таа е дувло на наркомани и од неа се шири неподнослива миризба, се жалат соседите. Сопственикот на куќата пак изјави за Вест дека наскоро таа ќе биде урната и на нејзинот место ќе се гради нов објект.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1